Skip to main content

Николоски: Изработен проект за стабилизација и санација на патот за Теферич

Сериозното свлечиште кое пред четири месеци се појави на патот за Теферич, ќе го решава Министерството за транспорт.

Ова денеска го потврди вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски кој нагласи дека се работи за голем и сериозен проблем.

Проблематиката е поголема од можностите и капацитетите кои ги имаат Општина Кисела Вода и Градот Скопје, затоа премиерот Мицкоски реализираше една работна средба помеѓу Министерството за транспорт, општината и Градот и во вторникот на седница на Влада е донесена одлука со која целокупниот проект го презема Министерството – истакна министерот.

Николоски нагласи дека веќе имаат изработено проект за стабилизација и санација.

Очекувам во најскоро можно време, не подоцна од следната недела, да излезе тендерот за избор на изведувач и да можеме да работиме на санација и пред почетокот на зимата таа санација да биде завршена. Целокупната проблематика ја превзема Владата преку Министерството за транспорт – појасни Николоски.

Поврзани вести