
Апелациониот суд Скопје ја потврдил пресудата за доживотни затворски казни на Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за грабнувањата и свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Вања беше грабната за изнуда на пари од нејзиното семејство, а возилот „ситроен“ убијците го украдоа за превоз на грабнатото девојче во вреќа во гепекот.
Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, со оваа сè уште неофицијална и необјавена одлука на Скопска апелација се укинува ослободителната пресуда на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и се враќа на повторено судење. Ѓорчевски беше обвинет за помагање, со давање информации за часот на излегувањето на неговото дете за на училиште.

Македонски



