
Чешка води преговори со израелски фирми за купување на противвоздушни ракетни системи, изјави денеска шефот на чешката дипломатија Петр Мацинка.
Тој, на прес-конференцијата со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар, истакна дека Чешка пројавува интерес за „Спајдер“, „Ароу“ и други системи за воздушна одбрана.
Мацинка посочи дека со Израел разговара за системите за воздушна одбрана „Спајдер“, бидејќи тие системи се технолошки на највисоко ниво.
Мацинка на дводневната посета на Израел е придружуван од делегација од повеќе од 30 претставници на чешки компании. Околу една третина од фирмите во деловната делегација се од одбранбената индустрија. Делегацијата вклучува претставници на производителот на автомобили „Шкода Ауто“, чешкиот производител на огнено оружје „Чешка збројовка“, дел од групацијата „Колт ЦЗ“, одбранбените компании „СТВ Груп“ и „Ескалибур Арми“ од групацијата „ЦСГ“, како и производителот на 3Д печатачи „Пруса Рисрч“.(МИА)

Македонски



