Skip to main content

МНТ во вторник организира сеќавање во чест на актерот Кирил Псалтиров

Утре, во вторник, на 21 јануари во фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) националниот театар во рамките на чествувањето на 80 години МНТ организира настан во чест на актерот Кирил Псалтиров.

Псалтиров беше дел од ансамблот на МНТ од 1974 години, па до пензионирањето. За неговата харизма и вештина се зборува и денес, велат од МНТ.

Кирил Псалтиров (роден на 11 октомври 1941 во Кочани — починал на 8 мај 2021 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Завршил Академија за драмски уметности во Скопје во 1973 година, во првата генерација дипломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Снежана Киселичка, Гоце Влахов, Петре Арсовски, Мајда Тушар и Соња Каранџуловска. Глумел во повеќе филмови.

Поврзани вести