Skip to main content

Скопјанец со изгореници по телото откако возилото му се запали во движење

архива

Вчера околу 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир С.Д.(55) од Скопје додека го управувал неговото возило настанал пожар во движење.

Истиот успеал да излезе, а од пожарот се здобил со изгореници во пределот на телото. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а тој бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, соопшти МВР.

Поврзани вести