
Во вторник, на 14 јули во 20,30 часот во Музеј на град Скопје во рамки на Скопско лето ќе биде отворена изложбата „Трага во времето“ – 10 години џез оркестар, документирана изложба и концертен настап на Националниот џез оркестар.
JAZZ10 е визуелна архива на десет години современ македонски џез, со фотографии, материјали и приказни што сведочат за сцената и музичарите што ја обликуваа оваа деценија.
Проектот ја отвора приказната за една сцена што расте, експериментира и создава сопствен звук, преку концерти, авторски проекти, соработки и луѓе кои го градеа нејзиниот континуитет.
Влезот е слободен.

Македонски



