Skip to main content

Силекс со гол предност се врати од Бугарија

 Фудбалерите на Силекс постигнаа важна победа во првиот натпревар од првото квалификациско коло од Конференциската лига откако ја совладаа екипата на Динамо Минск со 1:0. Натпреварот се одигра во Стара Загора, Бугарија бидејќи белоруската екипа поради воената состојба во Украина не може да игра на домашен терен.

Единствениот гол го постигна Есмир Хусакиќ од пенал во финишот на првиот дел.

–   Задоволни сме од резултатот и предноста, но мора да бидеме внимателни, затоа што Динамо Минск е добра екипа и кога игра на гости. На следниот дуел во Скопје мора да останеме мирни и да ја играме нашата игра и само така може да се пласираме во следното коло, изјави тренерот на Силекс, Александар Васовски.

Реванш натпреварот се игра во Скопје на терените на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“, а почетокот е во 20 часот

Поврзани вести