
Поранешниот романски фудбалски репрезентативец Габриел Мурешан се удавил во езеро во близина на гратчето Аполд каде изминатите години беше градоначалник, јавија локалните медиуми.
Фудбалската федерација на Романија ја потврди смртта на 45-годишниот Мурешан, кој одигра девет натпревари во националниот дрес, вклучувајќи ги и квалификациските натпревари за Светското и Европското првенство од 2007 до 2011 година.
Фудбалската федерација на Романија изразува најискрено сочувство до семејството, пријателите и сите што го познаваа Габриел Мурешан“, се вели во соопштението.
Мурешан беше градоначалник на Аполд од 2020 година, откако ја заврши кариерата во која најголеми успеси забележа со клубот Клуж, освојувајќи три романски титули 2008, 2010 и 2012 година.

Македонски



