
По заминувањето на Златко Далиќ од селекторската позиција на Хрватска, раководството на ХНС треба да најде наследник. Како најсериозни конкуренти се: Славен Билиќ и Ивица Олиќ.
Билиќ би требало да го наследи Далиќ и неговиот ангажман да биде до крајот на Европското првенство 2028 година. Тој во моментов е без ангажман. Доколку тој го наследи Далиќ, тоа ќе биде враќање на позицијата селектор каде беше од 2006 до 2012 година.
Во исто време фаворит за оваа позиција за ХНС е Ивица Олиќ еден од асистентите на Далиќ и селектор на У21 репрезентацијата на Хрватска. Ако Олиќ стане селектор, неговата позиција со селекцијата У21 би требало да ја преземе Ведран Чорлука.

Македонски



