Skip to main content

Николоски: Ќе се воведе one stop shop на железничката станица меѓу Македонија и Грција

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави дека ќе се воведе one stop shop на железничката станица меѓу Македонија и Грција.

Уште еден проект, кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне за Гевгелија, а тоа е дека воведовме one stop shop на железничката станица меѓу Македонија и Грција, што значи дека карго-возовите веќе не треба двапати да застануваат кога доаѓаат наваму, туку имаат само едно застанување- рече Николоски.

Тој додаде дека се работи и на втор граничен железнички премин со Србија.

Во моментот работиме на заеднички железнички граничен премин и со Србија, што дополнително ќе го забрза транспортот. Тука и е нашиот најголем проект за брза пруга, таму одлично оди подготовката на документација и очекувам во текот на летото сите документи да бидат завршени – додаде Николоски.

Според вицепремиерот, реализацијата и на брзата пруга се очекува да биде во предвидениот рок.

Поврзани вести