
Во четврток имаме концерт во Сули ан и ќе свириме нова музика.
Иако скопската чаршија навечер се претвора во метаморфоза од Улцињ и Кушадаси, сепак Сули ан се затајува како неосвоива крепост на културата. Во ова задскриено место што интимно ги спојува ориенталните ароми и отоманските духови, ќе имаме привилегија да ја свириме музиката што годинава ја компониравме и снимивме во астралното студио Алшар.
Албумот уште не е издаден, но токму во Сули ан ќе имате ретка можност да ги нагрнете звучните приказни и пејсажи што со Kiril, Ади, Filip и Dragan ги хеклавме крај нашето творечко огниште. Ќе им кажеме на духовите скриени зад лијаните до арките даневе искушуваат со нивните средновековни беседи ![]()
Концертот на 9-ти јули се случува благодарение на Skopsko Leto и најшербетно благо(им)дариме што ги отвораат портите на таинствениот Сули ан и за нашата голема ноќна музика

Македонски



