Роберт де Ниро им се враќа на мафијашките улоги во новиот филм „The Alto Knights“, кој наскоро ќе ја види светлината на денот.
Во претстојниот гангстерски филм „The Alto Knights“ на Бери Левинсон, Де Ниро глуми двајца мафијаши – Вито Џеновезе и Френк Костело.
Филмот следи двајца од најозлогласените шефови на организираниот криминал во Њујорк додека се борат за контрола на улиците во градот. Некогаш најдобри пријатели, ситната љубомора и низата предавства ги доведуваат во смртоносен конфликт кој засекогаш ќе ја преобликува мафијата.
Во филмот играат и Дебра Месинг, Космо Џарвис и Кетрин Нардучисви. Може ли Де Ниро да глуми двајца шефови на мафија толку ефикасно како што игра еден? Ќе дознаеме кога ќе излезе филмот.
Новиот филм „The Alto Knights“ е заснован на вистинско ривалство меѓу двајца американски мафијаши. Премиерата на филмот е закажана за 25 март 2025 година.