Skip to main content

Првични наоди од обдукцијата: Смртта на Македонка во Солун најверојатно е од патолошки причини

Првичните наоди од форензичката обдукција покажуваат дека смртта на 24-годишната девојка од Македонија, која беше пронајдена мртва во стан во областа Сикиес во Солун, најверојатно настапила од патолошки причини, односно како последица на болест или природен процес во организмот.

Како што објавува грчкиот портал Thestival.gr, при обдукцијата не биле забележани траги што би укажувале на насилна смрт или на извршено кривично дело.

Надлежните институции сега ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да ја потврдат точната причина за смртта.

Дваесет и четиригодишната девојка, по потекло од Македонија, претходно била пријавена за исчезната, откако нејзиното семејство не успеало да воспостави контакт со неа. Нејзиното безживотно тело подоцна било пронајдено во стан во солунската населба Сикиес.

Истрагата за случајот продолжува, а грчките истражни органи ги проверуваат сите околности поврзани со нејзината смрт.

Според засега неофицијални информации, станува збор за студентка од Прилеп.

Поврзани вести