Манчестер Јунајтед го забележа најлошиот почеток на сезоната на домашен терен во последните 131 година, откако загуби со 1-3 од Брајтон на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ не се претставил толку лошо на домашен терен откако тимот сè уште се викаше Њутн Хит.
Запрашан дали незадоволителното ниво сега станува нов стандард за Манчестер Јунајтед, капитенот на тимот Бруно Фернандеш беше категоричен дека никој од играчите не може ни да помисли дека оваа ситуација е нормална.
-Не може да биде така. Ја разбирам надворешната перспектива, но не можеме да се чувствуваме удобно со овие резултати и да мислиме дека ова е во ред. Не е. Не сум тука за да губам натпревари и да бидам на позицијата во која се наоѓаме во моментов. Знам дека тоа се однесува на мене и на сите останати во нашата соблекувална. Ако има некој, кој мисли спротивно, тој не може да биде тука, изјави Фернандеш по шестиот пораз на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата од почетокот на сезоната