Skip to main content

Адетокумбо ќе носи „седмица“ во Мајами

Грчкиот кошаркарски репрезентативец и нов член на НБА тимот Мајами Јанис Адетокумбо реши во новиот клуб да го носи дресот со број 7. Ова се случи само неколку часови откако почна продажба на дресот со неговиот досегашен број 34.

Сепак откако Јанис објави дека ќе игра со „7“, Мајами ја потврди промената.

Адетокумбо за време на сите 13 сезони, колку настапуваше во Милвоки го носеше дресот со бројот 34. Оваа промена направи и мал хаос, особено што веќе почнаа да се продаваат дресови со бројот 34.

Оние кои веќе направија порачка за дресот со број 34, ќе ја добијат новата верзија со број 7, а оние кои купиле ќе можат или да го сочуваат или да го заменат.

Адетокумбо ќе биде 14.тиот играч на Мајами што ќе го носи дресот со број 7

Поврзани вести