
Претставата „Чичко Кумплунг“ од Сашко Насев, а во режија на Јани Бојаџи ќе биде премиерно изведена на 8 јули, во 20 часот на големата сцена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Претставата е за над 18 години.
Во претставата играат: Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички и Жарко Јовановиќ. Сценографијата и дизајнот на плакатот се на Лазе Трипков, костимографијата е на Ирена Боневска Чаловска, а музиката на Јани Бојаџи. Негов музички соработник е Слаѓан Станишковски.
„Чичко Кумплунг“ е култен лик од македонскиот филм „Самоуништување“ на Ербил Алтанај од 1996 година. Црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години. Чичко Кумплунг е ексцентричен, темпераментен и саркастичен лик кој преку хумор и „народска филозофија“ ги коментира политиката, секојдневието и апсурдите на времето. Токму поради автентичниот говор и комичните сцени, ликот со години стана дел од поп-културата и често се цитира, се вели во најавата за претставата.

Македонски



