Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Брисел ја препозна Македонија како лидер во реформите, СДС да не го кочи напредокот на државата

Европската комисија ја демантира реториката на СДС за реформите. Европската комисија уште еднаш потврди дека Македонија е една од земјите што предничат во спроведувањето на реформите од Реформската агенда. Заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како лидер во регионот според постигнатите резултати, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оценка на Европската комисија е јасен доказ дека државата се движи во правилна насока и дека реформите се препознаени од институцијата која единствено ги оценува нивниот квалитет и напредок.

Дополнително, Европската комисија предлага реалокација на средства од Планот за раст, при што поголем дел од финансиската поддршка треба да биде насочен кон земјите што покажуваат најдобри резултати.

Тоа е признание за сработеното, но и можност Македонија да обезбеди дополнителни средства за развој.

Токму затоа е неразбирливо зошто СДС продолжува со политички блокади на законите што произлегуваат од Реформската агенда.

Со секоја опструкција на СДС и Левица не се попречува Владата, туку се попречува исполнувањето на обврските на државата и се ризикуваат можностите што ги отвора Планот за раст.

Ги повикуваме СДС и Левица да ги остават дневнополитичките интереси настрана и да покажат државничка одговорност.

Законите што се дел од Реформската агенда, вклучително и Изборниот законик, треба да добијат поддршка затоа што се во интерес на граѓаните и на европската иднина на Македонија.

Реформите носат резултати. Тоа денес го потврдува Европската комисија. Време е сите политички чинители да престанат со блокади и да застанат зад интересите на државата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани вести