Skip to main content

ДЗР: Најголемо намалување на бројот на работници има во рударството

Продолжува трендот на намалува не бројот на работници во индустријата. Во мај на годишно ниво регистрирано е намалување од  2,6%. Сам по себе овој  процент и така не е висок, но загрижува податокот дека речиси да нема индустриски сектор во кој нема намален број на работници.

Бројот на работници опаѓа и кумулативно од јануари завршно со мај период во кој падот е од 3%.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најголемо намалување на бројот на работници има во рударството  од 7,3%, но многу позначајно е тоа што во преработувачката индустрија во која збирно падот на бројот на работници е од 2,5% , речиси да нема сектор во кој не е намален бројот на работници. За една година во текстилната индустрија за производство на облека на пример е забележан најголем пад на бројот на работници од 11,9%.

Статистичките податоци покажуваат раст на бројот на вработени само во неколку сектори и тоа во индустријата за производството на прехранбени производи од 0,5%, за производство на производи од гума и пластични материјали исто така за 0,5%.

Повисок раст на бројот на работници е забележан и во индустријата за производство на пијалаци од 3,5%, за производството на тутун и тутунски производи за 16,9% како и во индустријата за производството на компјутерски, електронски и оптички производи од 13,4%.

Раст од 1% на бројот на работници е забележан и во енергетскиот сектор каде што спаѓаат снабдувањето  со електрична енергија, со гас, пареа и со климатизација.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1,6 %, Капитални производи за 2,6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,6 %.

V 2026
V 2025
I-V 2026
I-V 2025
V 2026
Ø2025
V 2026
Ø2021
Вкупно97.497.097.794.7
АЕ Енергија98.497.997.989.5
АИ Интермедијарни производи, освен енергија97.397.297.588.7
ББ Капитални производи97.496.497.8121.1
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка99.4100.999.9123.1
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка96.496.396.981.4
Б Рударство и вадење на камен92.793.393.190.2
    05 Вадење на јаглен и лигнит93.193.293.588.4
    07 Вадење на руди на метал91.292.891.793.2
    08 Вадење на други руди и камен97.195.597.387.8
В Преработувачка индустрија97.597.197.995.0
    10 Производство на прехранбени производи100.5100.6100.591.4
    11 Производство на пијалаци103.5103.8102.8118.7
    12 Производство на тутунски производи116.9108.9118.3115.0
    13 Производство на текстил97.797.997.890.0
    14 Производство на облека88.188.589.561.6
    15 Производство на кожа и слични производи од кожа92.592.892.962.3
    16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
92.888.193.270.0
    17 Производство на хартија и производи од
хартија
96.297.496.884.3
    18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
97.797.397.883.0
    20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
97.798.097.8109.7
    21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
98.998.999.0122.8
    22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
100.5102.2100.894.5
    23 Производство на други неметални
минерални производи
100.099.199.987.2
    24 Производство на метали100.6100.5100.088.0
    25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
97.898.998.079.9
    26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
113.4111.3112.0119.7
    27 Производство на електрична опрема97.297.497.998.5
    28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
98.298.898.4131.1
    29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
97.596.397.9123.7
    30 Производство на останата опрема за
транспорт
98.698.698.691.4
    31 Производство на мебел98.398.099.187.5
    32 Останата производствена индустрија99.5100.199.588.8
    33 Поправка и инсталирање на машини и опрема96.696.697.4105.3
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
101.0100.3100.194.4
    35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
101.0100.3100.194.4

Поврзани вести