Skip to main content

СЗО соопшти дека два третмани за ебола влегуваат во фаза на клинички испитувања во Конго

Фото: AI Generated

Во Демократска Република Конго почнува клиничко тестирање на два пристапи за антивирусна терапија против вирусот на ебола, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Исто така, се истражува дали комбинирањето на двата антивирусни лекови нуди дополнителни придобивки за пациентите со ебола предизвикана од сојот Бундибуџо за кој во моментов не постои вакцина или терапија.

Во мај, во Конго избувна епидемија на ебола токму од овој сој, при што конгоанските власти досега пријавија повеќе од 1.400 лабораториски потврдени случаи на ебола. До крајот на јуни, повеќе од 400 луѓе починаа од болеста, а стапката на смртност на случаите порасна на 31,2 отсто, пренесе ДПА.

– Дури и без одобрени терапевтски средства, луѓето закрепнуваат од оваа болест, но, се разбира, би можеле да спасиме многу повеќе животи доколку во нашиот арсенал имаме безбедни и ефикасни терапевтски средства – изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Итно ни се потребни третмани кои можат да им помогнат на луѓето погодени од болеста предизвикана од вирусот Бундибуџо. Една од клучните лекции од неодамнешните епидемии е дека истражувањата треба да се одвиваат паралелно со одговорот на кризата, а не по неа – изјави Аманда Роџек, која ја предводи студијата и е професорка на Институтот за пандемиски науки при Универзитетот во Оксфорд.

Конгоанскиот министер за здравство, Роже Камба, изјави дека клиничкото испитување им дава надеж на пациентите, на нивните семејства и на погодените заедници. Резултатите би можеле да помогнат во спасувањето животи не само за време на моменталната епидемија, туку и да ја засилат подготвеноста за идни епидемии, додаде тој.

Поврзани вести