Skip to main content

Kaква луда игра, вели Кејн

Репрезентацијата на Англија избори осминафинале на Светското првенство со двата гола на Хари Кејн во финишот на дуелот. Кејн е меѓу четирите најдобри стрелци на шампионатот со пет голови, колку што има Ерлинг Халанд, а по шест имаат Килијан Мбапе и Лионел Меси.

–  Искрено, чувството е неверојатно. Каква луда игра. Тие се тежок тим, а потоа по таа прва пауза бевме многу подобри, а нивниот голман направи неколку неверојатни одбрани. Денес јас бев херој. Сега сме во делот на турнирот кога мора да се победува, а тоа го направивме денеска, изјави по дуелот двократниот стрелец.

Во осминафиналето Англија ќе игра против Мексико.

Поврзани вести