Skip to main content

Уапсен тетовецот што си го растовари ѓубрето во Пена

Вчера во 18:00 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“ казниво по член 218 од КЗ.

По претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена, во близина на ул. „Видоје Смилевски- Бато“, СВР Тетово презеде соодветни мерки и активности и го пронајде сторителот, кој во службен разговор го призна делото. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.

Поврзани вести