
По голема борба и серија од шест пенали Парагвај успеа да го елиминира фаворитот Германија, откако во регуларниот дел беше 1:1 на пенали Парагвај победи со 4:3, а голманот Орландо Хил одбрани два пенала. Тој успеа да ги запре ударите на Каи Хаверц и на Ник Волтемаде, додека последниот пенал Џонатан Тах биеше над голот.
Сега кога работите се смирија, ќе седнам и навистина ќе анализирам што постигнавме. Искрено, против германската репрезентација полна со врвни играчи, тимот одигра доста добро. Беше тежок натпревар. Успеавме да издржиме до 120-тата минута. Успеавме да го однесеме до изведување на пенали, каде што практично беше во Божји раце, и фала му на Бога што среќата беше на наша страна. Сега треба да размислиме за тоа кој ќе биде следен противник. Ќе го гледаме натпреварот и ќе видиме, изјави јунакот на на натпреварот Хил.
Парагвај во осминафиналето за противник ќе го има победникот од дуелот Франција – Шведска што се игра вечерва, а натпреварот ќе се игра во Филаделфија на 4.јули.

Македонски



