
Со проекцијата на ,,Живот во рамнина” (Le città di pianura / The Last One for the Road), добитник на наградата „Давид ди Донатело“, се затвори 26-та Недела на италијанскиот филм – ITALIAN SCREENS. Филмот на автентичен начин го прикажа животот во малите места во регионот Венето, исполнет со пријателства, противречности и лично созревање.
Во текот на фестивалот, Кинотеката на Скопје беше домаќин на некои од најдобрите италијански филмови од изминатата година, кои беа одлично прифатени од бројната публика што ги исполни сите проекции.
Благодарение на ангажманот на Амбасадата на Италија и проектот ITALIAN SCREENS, оваа иницијатива понуди значајна можност за културна размена и дијалог, доближувајќи ја италијанската култура, јазик и современата кинематографија до публиката.
Искрена благодарност до сите што придонесоа за успехот на оваа манифестација и до сите што ја споделија со нас оваа недела посветена на италијанскиот филм.

Македонски



