
Вчера вечер беше прикажан филмот „Кратка љубовна приказна“, дебитантско остварување на италијанската режисерка и сценаристка Лудовика Рампoлди. Комбинирајќи романтични елементи, иронија, хумор и неочекувани пресврти филмот ја освои бројната публика, која уживаше и се соживеа со приказната, наградувајќи го остварувањето со топол и долг аплауз на крајот.
Вечерва на ред е „Премолчените нешта“ (2026) на Габриеле Мучино, еден од најпознатите и најценети режисери на современата италијанска кинематографија.
Станува збор за колективна драма, со исклучителна актерска екипа, која ја истражува тежината на молчењата, премолчените вистини и неискажаните тајни, откривајќи ја кревкоста на емотивните односи кои само навидум изгледаат стабилни.
Кинотека на Република Македонија – Скопје
20:00 часот

Македонски



