Skip to main content

Огромен одзив на третата вечер на Неделата на италијанскиот филм!

Вчера вечер беше прикажано последното дело на Габриеле Мучино, снимено според романот Siracusa од Делија Ефрон. Помеѓу моменти на иронија, растечка наративна тензија и трилер елементи, бројната публика со големо внимание ја следеше приказната сè до изненадувачкиот и вознемирувачки крај.

Вечерва на програмата е ,,Ана” (2025 година), филм во кој главната улога, режијата и сценариото го потпишува Моника Гуериторе, во нејзиното режисерско деби, кое токму вчера ѝ донесе специјално признание на филмските награди „Nastri d’Argento“ за оваа година.

Делото го носи на големото платно животот и кариерата на незаборавната Ана Мањани, првата италијанска актерка што се закити со Оскар и симболична фигура на италијанската кинематографија во светот.

Не пропуштајте ја четвртата филмска вечер на Неделата на италијанскиот филм!

📍 Кинотека на Република Македонија – Скопје

🕗 20:00

Поврзани вести