Skip to main content

Ведрана Рудан во својата најдобра улога!

Бескомпромисна како и секогаш, Ведрана Рудан во најновото издание на книгата Страв од плетење, со хумор и проникливост, пишува за сѐ што нѐ допира. Му се смее на сѐ, па и на сопствените метастази. Нејзиниот глас е лут, нежен, пркосен и премногу жив за да молчи.

Пресреќна сум што Страв од плетење, книга стара 20 години, ќе ја читаат некои други луѓе. Што се променило во меѓувреме? Техниките за комуникација. Се сакаме преку мрежите, се мразиме преку мрежите… Живееме во живо“, ни рече Ведрана по повод последното издание на книгата Страв од плетење.

На авторката книгава ѝ е посебно важна, зашто во неа се обединети нејзините најважни текстови за стареењето.

Човекот не се менува, па така и моите јунаци се современи луѓе, само без три мобилни телефони в чанта.

Сепак, нека звучи романтично, кога повторно ја прочитав Страв од плетење, низ главата ми се моташе мислата: колку добро порано се живееше? Да? Не? Читајте. Бидете со мене. Ми требате најмногу досега, порачува Ведрана.

Таа пишува за сѐ – за бракот, за смртта, за болестите, за сексот, за политиката, за лицемерието и за љубовта – без задршка и без страв. Нејзините текстови се остри, духовити и брутално искрени.

Беспоштедно и автентично, Ведрана Рудан им се обраќа на сите генерации читатели и читателки – на оние коишто сакаат, мразат, лажат и на оние коишто уште имаат сили да ја читаат вистината – со пораката: „Се надевам дека во оваа книга ќе го откриете она што јас го открив вчера, животот сепак е прекрасен.“

Поврзани вести