Skip to main content

Во Македонија има еден потврден случај на „Денга треска“: Откриена е кај 42-годишник од Бангладеш кој пристигнал во земјава на работа

Директорот на Клиниката за инфективни болести денеска информираше дека во Македонија има еден потврден случај на „Денга треска“.

Откриена е 42-годишник од Бангладеш кој пристигнал во Македонија на работа.

Случајот е потврден врз основа на лабораториски наоди направени на Инфективната клиника во Скопје и во Институт за jaвно здравје.

Заболениот е хоспитализиран на Инфективна клиника.

Здравствените власти уверуваат дека во моментов не постои ризик за ширење на болеста.

„Денга треската“ се пренесува исклучиво од убод на комарец.