
Американската војска изврши воздушни напади врз ирански складишта за ракети и беспилотни летала и крајбрежни радарски станици откако трговски брод беше погоден од беспилотно летало во Ормускиот теснец.
Вашингтон тврди дека ова е одмазда за иранскиот напад извршен во четврток, кога, според американските обвинувања, беспилотно летало за еднократна употреба го погоди товарниот брод M/V Ever Lovely под знамето на Сингапур. Бродот пловел по брегот на Оман кога го напуштил Ормускиот теснец во времето на нападот, објавува „Индепендент“.
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за „неодговорно кршење“ на договорот за прекин на огнот, тврдејќи дека Техеран испукал најмалку четири самоубиствени беспилотни летала кон бродови во Ормускиот теснец. Според него, едно погодило товарен брод, додека преостанатите три биле соборени.
Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нападите биле извршени како „силен одговор“ на иранскиот напад врз трговски брод.
ЦЕНТКОМ нагласува дека американските сили продолжуваат да обезбедуваат поддршка и координација на трговските бродови што минуваат низ Ормутскиот теснец и ќе останат присутни за да го почитуваат договорот со Иран.

Македонски



