Skip to main content

Ѝ ја искршил вратата зошто ќерка ѝ не била дома – уапсен насилник од Велес

Вчера во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом.

Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, но таа не била дома, по што физички ја нападнал пријавителката. По преземени мерки било констатирано дека П.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,11 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести