Skip to main content

Се истепаа фамилии од иста куќа

Полициски службеници од СВР Тетово вчера ги лишија од слобода А.И.(51), Ф.И.(25), Б.И.(21), Ш.И.(38) и Ш.И.(42), сите од Тетово, членови на две семејства кои живеат во иста куќа, затоа што што го наршиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Според пријавеното, околу 21:30 часот настанала вербална, а потоа и физичка пресметка помеѓу нив, при што Ш.И.(42) со метален предмет ги нападнал роднините Ф.И., Б.И. и А.И. и им нанел повреди. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од тетовската полиција.

Поврзани вести