
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека температурите во Европа растат двојно побрзо од глобалниот просек, со што се зголемува веројатноста и интензитетот на екстремни топлотни бранови во иднина, што бара забрзана акција за климатските промени.
Тој на платформата Икс напиша дека не можеме да си дозволиме понатамошни одложувања.
Податоците се јасни: температурите низ Европа растат приближно двојно повеќе од глобалниот просек, зголемувајќи ја веројатноста и сериозноста на идните екстремни топлотни бранови“, рече Тедрос.
Тој изјави дека топлотниот бран во Европа принудува затворање на училишта и го загрозува здравјето на луѓето и истакна дека понатамошното одложување не е можно.
Лидерите мора да дадат приоритет на инвестирањето во здравствени системи отпорни на климатските промени, а воедно да го забрзаат дејствувањето за климатските промени и да ги ублажат причините за климатската криза“, нагласи Тедрос.
Европа во последните денови беше погодена од силен топлотен бран, со температури над 40 степени Целзиусови во некои земји.
Поради екстремната жештина, во неколку европски земји беа воведени највисоки предупредувања, додека некои училишта беа затворени, а властите апелираа до граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот.

Македонски



