
Почина д-р Драган Христов, специјалист по ортопедска хирургија, кој е дел од болницата „Аџибадем Систина“ од 2010 година.
Со голема тага ве известуваме дека почина прим. д-р Драган Христов, специјалист по ортопедска хирургија.
Д-р Христов беше дел од ортопедскиот тим уште од самиот почеток на болницата „Аџибадем Систина“ во 2010 година. Со неговата стручност, знаење и професионалност ги создаде темелите и го започна развојот на ортопедската хирургија во нашата болница, давајќи несебична поддршка на тимот. Особено сме горди што имавме можност да соработуваме и да учиме од овој голем човек!
Изразуваме длабока почит и искрено сочувство од целиот менаџерски тим на КБ ,,Аџибадем Систина’’ и сите вработени“, соопштија од болницата.

Македонски



