
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција побара одговор дали се интервенира во вториот пензински столб за тој финансиски да се оштети. Филипче рече дека ја пренесува загриженоста после изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за тоа дека многу граѓани ќе бидат разочарани од тоа што ќе донесе вториот пензиски столб.
Граѓаните кои ги уплаќаат парите во вториот пензиски стол се во една голема неизвесност и се поставува прашањето дали премиерот има намера преку државните механизми да интервенира во тој буџет во кој луѓето си уплаќаат за да имаат доволно пари за деновите, годините во пензија и на тој начин да го оштети. Луѓето се исплашени дали воопшто ќе ги добијат тие пари назад и што точно се крие зад изјавата на премиерот – рече Филипче.
Според него, како буџетот тоне така и пензискиот фонд е ставен во ризик. Филипче рече дека од 2024 година наваму дупката во Пензискиот фонд повторно се зголемува и сега надминува 40 проценти, која вели, се надокандува од централниот буџет за да може актуелните пензионери да примаат пензии.
Тој кажа и за лиенарните зголемувања на пензиите, во септември 2025 и во март 2026 -та година од по 1000 денари, со кои, како што вели, пензионерите биле излажани.
Доколку останеше методологијата што ја воведе Владата на СДСМ пензионерите ќе добиеја многу повеќе пари – рече Филипче.

Македонски



