
Правникот и политички коментатор Умејр Муамеди реагираше на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, кој порача дека Албанците од Македонија и Косово не треба да се сметаат за дијаспора и да протестираат во Албанија под тој предзнак.
Муамеди оцени дека ставот на Рама е контрадикторен, посочувајќи дека албанскиот премиер често коментира прашања поврзани со Македонија, додека сега им порачува на Албанците од соседните земји да не се вклучуваат во случувањата во Албанија.
Кога Рама се меша во внатрешните работи на Македонија тоа е нормално. Сега, кога Албанци од Македонија одат на протести во Албанија вика: Албанците кои не живеат во Албанија да не се мешаат тука. Аха, важи“, напиша Муамеди.
Реакцијата доаѓа откако Еди Рама изјави дека Албанците од Македонија и Косово не се дијаспора, туку дел од поширокиот албански етнички простор во регионот, изразувајќи резерви кон нивното учество на протести во Албанија организирани под знамето на дијаспората.

Македонски



