Skip to main content

Поранешен советник на ХДЗ претепан до смрт во Задар

Полицијата во Задар потврди дека мажот кој почина во болница синоќа од сериозни повреди здобиени во тепачка е Милан Драча. Тој беше поранешен градски советник на ХДЗ и доброволец во Татковинската војна, пишува „Слободна Далмација“ .

Претходно беше објавено дека тепачка меѓу двајца мажи во Задар заврши фатално, откако едно лице почина од повредите здобиени за време на инцидентот на плажа, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случил синоќа во задарската населба Бокањац, по што полицијата веднаш излегла на терен по добиена пријава за физички пресметки.

По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници пронашле повреден маж на земја“, соопшти полицијата.

На повредениот 51-годишен маж првично му била укажана медицинска помош на самото место, каде лекарите утврдиле дека се здобил со тешки телесни повреди. Тој итно бил пренесен во Општата болница во Задар, но поради сериозноста на повредите, починал во текот на ноќта.

Полицијата брзо реагирала и го привела второпревземениот во тепачката.

Мажот против кого се води истрага во врска со овој инцидент бил уапсен веднаш по пристигнувањето на полициските службеници на местото на настанот и бил однесен во полициските простории, каде што се води кривична истрага, која се спроведува во соработка со надлежното државно обвинителство во Задар“, стои во полициското соопштение.

Истрагата треба да ги утврди мотивите кои довеле до овој трагичен настан.

Поврзани вести