Skip to main content

Промоција на книга и претстави во Театар за деца и младинци и Турски театар утре на Скопско лето

Утре (25.06.2026г. – четврток) со почеток во 12:00 часот во Музеј на Град Скопје ќе се одржи промоција на книга „100 години Палјачи во Штип (1925-2025): Операта што ја отвори македонската музичка сцена“ на авторката проф. д-р Наташа Диденко.
Промотори на настанот се проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и проф. д-р Оливер Цацков, додека модератор е Мишо Китаноски.
Монографијата 100 години „Палјачи“ во Штип (1925 ̶2025): Операта што ја отвори македонската музичка сцена е репрезентативно научно-културно издание што го осветлува почетокот на македонската оперска традиција преку историската премиера на операта во Штип во 1925 година. Врз основа на архивски извори и интердисциплинарна анализа, книгата го реконструира културниот дух на времето и го следи развојот на оперската уметност од локален културен нaстан до национално институционално достигнување.

На 25.06.2026г. (четврток) со почеток во 19:00 часот во Театарот за деца и младинци ќе се одигра детска театарска претстава „Патот на Баба Јага“.
Режија: Хана Миленковска
Текст: Хана Корнети
Музика (Композитор): Ади Имери
Текст за сонг (сонгови): Хана Миленковска, Хана Корнети и Ади Имери
Кореографија: Бобан Русески
Костимографија: Иван Ивановиќ
Сценографија: Кирил Василев
Улоги: Никола Наковски, Анастасија Ласовска, Симона Спировска, Емра Куртишова Стојанова, Петар Стојанов, Изабела Новотни.

За претставата:
Што се случува кога еден принц ќе сфати дека не сака да биде крал? „Патот на Баба Јага“ е духовита и возбудлива приказна за храброста да бидеме свои, дури и кога се плашиме дека другите нема да нè разберат. Низ средби со необични ликови, магични суштества и една сосема поинаква Баба Јага, младите гледачи ќе откријат дека работите ретко се онакви какви што изгледаат на прв поглед и дека во секој од нас се крие еден цел свет. Ве очекуваме!
Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Утре вечер (25.06.2026г. – четврток), со почеток во 20:30 часот на сцената во НУ Турски театар, ќе се одигра театарска претстава „Пролет“.
Автор: Мурат Џан Кибироглу
Режисер: Али Волкан Четинкаја
Изработка на сценографија: Осман Али и Cценските техничари
Дизајн на костими: Елиф Озханџи
Избор на музика: Али Волкан Четинкаја
Превод на македонски: Џанан Али-Џумкар


АКТЕРИ:
Џенап Самет, Едис Мусич, Зубејде Али, Сузан Акбелге,Несрин Таир, Танер Сулејман.
Испициент: Ердинч Рушид
Суфлер: Нериман Шенѓулер
Директор: Осман Али
Светло: Бекир Кубур
Тон: Емрах Џемаили
Шминка: Севим Ќерим
Гардероба: Мухамед Бакиовски
Реквизита: Ердинч Рушид
Одговорен декоратер: Зекирија Абди
Сценски декоратери: Мехмет Исмаил, Суат Рахман, Изyдин Беговиќ, Џенгиз Халил, Булент Хасан
Организатор: Шенхан Зеќир
Овој проект е реализиран со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
Продукција: НУ Турски Театар Скопје, 2025г.

Поврзани вести