Skip to main content

Разговорите за реконструкција на Владата се конструктивни, очекувам да завршат викендот, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека првичните разговори во рамки на коалицијата за реконструкција на Владата се конструктивни и најави дека неделава тие ќе продолжат, а очекува во текот на викендот и да завршат.

Во првите разговори преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, јас очекувам тоа да бидат завршни, а во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња, и со останати специфики – потенцира Мицкоски во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).

Додаде дека во рамки на разговорите станало забор и за опција за промена на ресори.

Поврзани вести