Skip to main content

Тунис сепак ќе го менува селкторот среде СП, еве кој ќе биде предводник

Францускиот тренер Ерве Ренар ја прифати поканата на Фудбалската федерација на Тунис да го наследи Сабри Ламуши по стартниот пораз. Но, тој најверојатно нема да остане на оваа функција по Мундијалот и може да се случи за два натпревара да му бидат исплатени 30.000 евра, доколку Тунис биде елиминиран.

Тој ќе ја предводи репрезентацијата на дуелите со Јапонија и Холандија од групата.

Барем засега Ренар нема договор со Тунижаните за продолжување за соработката, иако според неофицијални преговори тој требало да има договор вреден 300.000 евра за година. Французинот на ова Светско првенство успеа да се пласира со саудиска Арабија, но на два месеца пред Мундијалот доби отказ.

Тој со Саудиска Арабија беше на СП 2022 година, додека четири години претходно ја предводеше репрезентацијата на Мароко. Притоа има големо искуство со работа на репрезентации од африканскиот континент. 

Поврзани вести