
– Репрезентацијата на Парагвај оствари голем успех со победата од 1:0 против Турција, но на овој натпревар беше покажан и црвен картон за победничката екипа. Тоа е првиот црвен картон по примена на новите правила.
Мигуел Алмирон беше исклучен во финишот на првиот дел поради покривање на устата за време на разговор со противникот.
Од ВАР собата судијата Иван Бартон беше повикан и откако ја прегледа снимката ја изрече соодветната казна.
Така на сила стапи и т.н. „Закон на Винисиус“ неодамна одобрен од судискиот одбор и дозволува санкционирање на играчи кои ја покриваат устата кога се обраќаат на противникот. Мерката е за борба против навреди, провокации и неспортско однесување, кое е тешко да се открие

Македонски



