Skip to main content

Американските власти не дозволуваат репрезентација на Иран два дена да остане во Лос Анџелес

 Фудбалската федерација на Иран вторпат побара од ФИФА да им се овозможи два дена присуство на територија на САД (Лос Анџелес) како екипата би имала подобра подготовка за следниот дуел. Но, и ова барање на Иранците е одбиено, исто како и пред дуелот со Нов Зелнад. 

САД им дозволија на Иранците само 24 часа претстој на нивна територија и потоа веднаш (што е можно побрзо) да се вратат во нивниот камп во Тихуана, Мексико. 

Натпреварот Иран – Белгија се игра в недела од 21 часот во Лос Анџелес.

Поврзани вести