Skip to main content

Марта, без право на вето ич не влегуваме во ЕУ

Европската унија како со сила да работи кај граѓаните од Западниот Балкан уште повеќе да опаѓа интересот за членство. Наместо, Македонија, преговори со ЕУ почнуваат Украина и Молдавија. Да, Украина и Молдавија. Украина која е во војна а Молдавија која не ја контролира во целост  ни својата територија.

Еве да ги прашам оние од Брисел, ако некогаш ги примите Украина и Молдавија, иако тоа нема никогаш да се случи, во кои граници ќе ги примите. Дали и Приднестровје ќе влезе во ЕУ или пак Доњецк, Донбас, или пак може и Крим ќе влезе во Унијата. Па уште и онаа Марта Кос ни порача дека дури и да влеземе некогаш во ЕУ 15 години ќе немаме право на вето, поради кое не малтретираат сега Бугарите а пред тоа Грците.ЕУ уште еднаш покажа зошто ја нарекуваат блудницата Вавилонска, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“ која ќе биде објавена утре.

Поврзани вести