
Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска ги прими најуспешните ученици – првенците на генерацијата 2025/2026 година, од десетте општински основни училишта.
Во знак на признание за нивниот исклучителен успех, посветеност и вложен труд, Општина Карпош им додели парична награда во висина од 10.000 денари, како поттик за нивен понатамошен образовен развој. Како дополнително признание за постигнатите резултати, првенците добија и седумдневно летување во кампот „Каливас“ во Грција.
Средствата за наградите на првенците на генерација се озбезбедени од Програмата на Одделението за образование на Општина Карпош.
Првенци на генерацијата 2025/2026 година се:
- Нина Каламадевска од ООУ „Братство“,
- Софија Ѓоргон од ООУ „Димо Хаџи Димов“,
- Михаил Јачовски од ООУ „Јан Амос Коменски“,
- Јане Јанев од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“,
- Ива Бухова од ООУ „Петар Поп Арсов“,
- Николина Костовска од ООУ „Аврам Писевски“,
- Надја Бежоска од ООУ „Војдан Чернодрински“,
- Дариа Алексовска од ООУ „Лазо Трповски“,
- Анастасија Цветаноска од ООУ „Владо Тасевски“ и
- Александра Димитрова од ООУ „Вера Циривири Трена“.
Општина Карпош упатува честитки до учениците, нивните родители и наставници за вложениот труд и резултатите и им посакува уште поголем успех во понатамошното образование.

Македонски



