Skip to main content

За еден ден уапсени 24 возачи, од нив четворица се малолетници

МВР

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода вкупно 24 лица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Четири лица во Прилеп (малолетник), две лица во Битола, три лица во Скопје и по едно лице во тетовско, Тетово (малолетник), Гостивар (малолетник), Кавадарци, Неготино (малолетник), Штип, Кочани и Гевгелија. Еден од возачите во Скопје и возачот во Штип биле и под дејство на алкохол. Со забрана за управување на возило биле лишени по едно лице во Гостивар и едно во прилепско. Под дејство на алкохол двајца возачи управувале возило во Прилеп, а по едно лице во Крива Паланка, Битола и Гевгелија.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ велат од МВР.

Поврзани вести