Skip to main content

Пецаков: Комплетно го асфалтиравме патот кој ги поврзува селата Лескоец и Велгошти

Исполнивме уште една важна цел за нашите сограѓани. Комплетно го асфалтиравме патот кој ги поврзува селата Лескоец и Велгошти, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

​Жителите од овие две населени места сега имаат директна поврзаност со што им се олеснува секојдневието. Наш приоритет останува рамномерниот развој на целата територија на Општина Охрид. Инвестираме подеднакво во секое маало, во секое село и во секоја урбана заедница, истакнува тој.

Пецаков порача дека продолжуваат со уште повеќе работа.

Поврзани вести