Skip to main content

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата

Општина Дебар продолжува со редовните активности насочени кон заштита на јавното здравје и унапредување на хигиенските услови на својата територија, во чии рамки успешно е реализирана првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата на нејзина територија.

Во тие рамки извршена е теристичка, од земја, дезинсекција со цел уништување на комарците. Беа опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата. Во однос на дератизацијата беа третирани 150 шахти од канализациската мрежа, информираа од Општината.

Отааму додаваат дека согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар, а со цел заштита на јавното здравје, тоа е со цел спречување на ширењето на болести и создавање побезбедни услови за граѓаните.

Деновиве теристичка ларвицидна дезинсекција и дератизација беше реализирана на целата територија на Општина Маврово и Ростуше, со цел, како што информираа, спречување на појава и ширење на заразни болести преносливи преку инсекти и глодари а врз основа на одлуката на Советот на општината.

Поврзани вести