
Вчера во 18:50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје, соопшти денеска МВР.
Претходно, околу 18:20 часот на бул.„Партизански одреди“ тој со мотоциклот кој го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, кои биле со мотоцикли, и продолжил со движење. Набргу, откако бил пристигнат од полициските мотоцикли, тој намерно удрил во еден од нив, при што двајцата паднале, по што тој го напуштил местото. При падот, полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Градската болница „8 Септември“ за укажување помош, информираат од полицијата.
По преземени мерки тој бил пронајден е приведен, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Исто така, пронајдена е и торбичката со повеќе од 100 таблети која ја фрлил додека бегал со мотоциклот.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски



