
Бугарија како услов за почеток на преговорите со Македонија бара да го впишеме бугарското малцинство во Уставот. Сето тоа би било во ред ако со ова барање не се гледаат двојните стандари на властите во Софија во споредба со земјите од регионот каде што исто така живеат Бугари.

Како Бугари се запишале на пописите граѓани во Украина, Молдавија, Србија и Албанија и Романија Романија. Според официјалните бројки во Украина живеат над 200.000 Бугари па Бугарија не го постави прашањето за влез на бугарско малцинство во украинскиот Устав како услов за почеток на преговорите со Унијата кое е сега многу актуелно.
Во Молдавија која се споменува во нон пејперот на Германија и Франција живеат 65.000 Бугари но оваа земја нема услов да ги стави во својот Устав. Во Албанија официјално живеат 7000 Бугари иако во најголем дел станува збор за натурализирани Македонци но ниту оваа земја нема услов да ги стави во Уставот. На крајот на краиштата и во Србија има повеќе Бугари отоколку во Македонија-12000, најмногу во источниот дел на земјата.

Во Македонија со последниот попис има 3057 Бугари но Бугарија бара да ги внесеме во Преамбулата на нашиот Устав, како услов само да ги започнеме преговорите со ЕУ без гаранција дека тоа ќе биде последно барање.

Македонски



