
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека во моментов се реализираат активности на четири различни локации низ градот, при што се работи на изградба, уредување и обнова на инфраструктурата.
Тој истакна дека станува збор за конкретни проекти кои носат видливи резултати на терен и придонесуваат за решавање на долгогодишни проблеми со кои се соочувале граѓаните.
„Скопје добива нов лик, затоа што скопјани заслужуваат функционален, уреден и достоинствен град“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека градот продолжува да се развива и да се движи напред преку реализација на нови проекти и инвестиции.

Македонски



