Skip to main content

Случајот Адитив е пример на дрскост и душманско крадење на својот народ – Тошковски најави нови докази

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ќе има уште многу докази за случајот „Адитив“.

Ќе има уште многу, многу докази кои што ќе бидат користени во рамки на оваа постапка, во рамки на други постапки поврзани со правното лице кое што во минатото и те како било злоупотребувано во насока на оштетување на буџетот на народот од страна на оние кои што го раководеле. Многу докази, многу докази, овој предмет е еден пример на дрскост и душманско крадење на својот народ – вели Тошковски.

Како што вели, покрај тоа што фиктивно измислувале правни субјекти кои што треба да дадат соодветни понуди за да ја оправдаат цената што е зголемена за најмалку три пати на предметните адетиви, па уште адетивите кои се набавени 95% не ги употребиле.

Истрагата за случајот започна на 10 декември и опфаќа: 23 физички лица и четири правни лица.

Поврзани вести