Skip to main content

Последното танго (конгрес) на Живковистите

“Твоја држава, твоја шанса“
Најидиотско лого што до сега сум го видел и слушнал, дури и од најнесериозна, ако сакате маргинална политичка структура, толку безначајна што поминува незабележано и веднаш се заборава.
А, токму тука лежи незгаснатата жед за власт, моќ и разорување на сé а само да се дојде до нив.
Државата, односно она што таа како моќ ѝ го дава во овој случај, на узурпаторите, повторно да се дофатат до механизмите што нив ќе направи моќни над останатите. Впрочем, тие и така се воспитани од своите дедовци, татковци, осведочени злосторници врз македонскиот народ и Македонија. Нивната девиза беше:
Државата сме ние, а другите се ОСТАНАТИТЕ.
Очигледно е дека тука ја гледаат својата МОРБИДНА ШАНСА да ја грабнат државата за себе. Неколкумина ПРЕСПАНОФИЛИ и ФРАНКОПАНИ ГЕОМЕТРИ кои ќе ја прекројат и преобликуваат МАКЕДОНИЈА.
А, ТАТКОВИНАТА која што за разлика од државата, е род од прво колено, таа и е и мајка и татко и брат и сестра, синови, ќерки, внуци, правнуци, сé тоа заедно за нив ништо не значи.
Тие ОСТАНАТИТЕ се РАЈА што ќе работат и слушаат на нивниот феуд без да имаат право, ништо да не поседуваат, дури ни ТАТКОВИНА.
Како што го почнаа така и го завршија ПОСЛЕДНОТО ТАНГО.
Ниту еднаш не спомнаа ниту еден АТРИБУТ на нашата самобитност: МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКИ НАРОД, МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ, МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА, освен што се загрижија да го заштитат јазикот, не знам кој бидејќи не спомнаа МАКЕДОНСКИ.
Вие ли, однародници нешто ќе заштитувате, вие што сé распродадовте, вие кои што токму во вашето лого содржаното ја барате државата, гледајќи во тоа шанса да ја ДОКУСУРИТЕ?
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД добро, премногу добро знае од кого треба да се заштити, ОД ВАС луѓе со кастриран дух и помрачен ум, кога е во прашање НАШЕТО ТУКАШНОТО ИЗВОРНОТО.
Сонувајте ги вашите “слатки“ соништа уште малку, кога ќе се разбудите бидете сигурни дека нема да знаете каде сте.
Затоа што вам,, пеколниот казан ќе ви личи на раскошен дворец.
Гледајќи накусо дел од медиумските извештаи, веднаш ми падна во очи една несекојдневна слика.
Вештачката интелигенција се поиграла со вас и ве клонирала сите до еден од првиот ред.
Таква, автентична проекција на збир на карактеристики на личности, еднакви без оглед на временската разлика, но без национална припадност, зошто вие тоа го немате, а тие да, сите личевте на лидерите на некогашниот Варшавски пакт, комунистичка човечка злосторничка организација против човештвото.
Толку бевте убедливи што и природно народот ве смести меѓу нив, одамна заборавени за сега да се присети, та и вас во истиот момент ве избрише.
Тодор Живков (на него најмногу личевте), Валтер Улбрихт, Јанош Кадар, Николае Чаушеску, Ладислав Гомулка, Свобода, на чело со Леонид Брежнев.
Тоа како да не се случуваше овде, во нашата ТАТКОВИНА, толку бевте далеку, студени и непрепознатливи за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, што изгледаше како состанок избледен од некогашните филмски журнали на Варшавскиот пакт што носи одлука повторно да нападне некоја суверена земја, со легитимна од народот избрана власт, во случајов МАКЕДОНИЈА.
Немате шанса, вие клонирани политичари, гипсени или восочни глави, клонирани одамна победени и отфрлени изроди, паразити што претставуваат опасност за целиот свет.
Немате шанса бидејќи во вас нема ЧУВСТВО. Човек без чувство не припаѓа на човештвото, а највисокото чувство на луѓето е припадноста, патриотизам и родољубие.
Тука сте вие тешко хендикепирани, вашите гранични линии не постојат бидејќи сте на дното од едноставна НУЛА (0).
МАКЕДОНИЈА, имала многу посилни непријатели од вас, и ги победувала во секоја и од секаков вид борба.
Но, никогаш немала толку подли непријатели во своите топли пазуви и гради што ги топлила и ги хранела, а за возврат добила сместување на својата татковина и народ во старачки дом.
МАКЕДОНИЈА е далеку од вашата единствена желба да ја направите Дом за старци каде што со луѓето ќе владеете и при тоа ќе им го наплатите повеќекратно за она што ништо не нудите.
МАКЕДОНИЈА е сега силна, полетна, млада, гордо исправена, призната како фактор, а не питачка на раскрсницата помеѓу Преспанскиот договор и Францускиот предлог, двата најголеми предавнички акти, нанесени на еден народ од сопствените идиоти предавници во историјата на човештвото.
Тоа сте вие, наследници на малото бедно човече што ги испра и сé уште ги пере вашите празни глави испуштајќи ја загадената вода низ ушите бидејќи нема каде и во што задржи. Вие сте никој и ништо, никој и ништо од кога сте родени.
МАКЕДОНИЈА вечна, ВМРО-ДПМНЕ вечно на чело со ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ се Тврдината од која се одбива и најсилниот непријател.
Тоа ви е совршено јасно на сите, особено на душманите, затоа сте истовремено и крајно подли, УПЛАШЕНИ и дезориентирани на патот што води во бездна.
Затоа никој со вас слепи водачи и не доаѓа.
Ви посакувам среќен пат но и се надевам дека ќе прогледате конечно и од Постојнска човечка рипка ќе станете ЛУЃЕ.
И овој пат не пропуштивте да го нападнете нашиот лидер Христијан Мицкоски. Знам тој ви е ноќна мора, тој е високо над сите вас затоа што не признава, не се крие, не бара алиби и не пронаоѓа алиби во околностите.
ХРИСТИЈАН, Сам ги создава околностите!

Поврзани вести